• среда, 13 ноември 2024

Во Багдад одржана конференција за соработка помеѓу земјите од регионот

Во Багдад одржана конференција за соработка помеѓу земјите од регионот
Багдад, 28 август 2021 (МИА) – Во главниот град на Ирак, Багдад денеска се одржа меѓународна Конференција за соработката и партнерството во регионот. Главни теми на конференцијата беа развојот на економската соработка, борбата против тероризмот и реконструкцијата на ирачката инфраструктура. Исто така се разговараше и за ситуацијата во регионот, пред се во Јемен и Либан, како и зачувување на безбедни поморски премини во регионот. Според извори блиски до ирачкиот премиер Ал-Кадеми, Ирак се обидува да одигра обединувачка улога во решавањето на кризата што го тресе регионот. Ирак со години е во деликатна ситуација помеѓу двата главни сојузници - Иран и САД. На конференцијата учествуваа претставници на девет земји, воглавно соседи на Ирак, но и арапски и меѓународни организации, а и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Главни теми на конференцијата беа развојот на економската соработка, борбата против тероризмот и реконструкцијата на ирачката инфраструктура. Исто така се разговараше и за ситуацијата во регионот, пред се во Јемен и Либан, како и зачувување на безбедни поморски премини во регионот. Според извори блиски до ирачкиот премиер Ал-Кадеми, Ирак се обидува да одигра обединувачка улога во решавањето на кризата што го тресе регионот. Ирак со години е во деликатна ситуација помеѓу двата главни сојузници - Иран и САД. ми/

Остани поврзан