• четврток, 17 октомври 2024

Во атарот на тетовско Ѓермо пронајдени две неексплодирани рачни бомби – кашикари

Во атарот на тетовско Ѓермо пронајдени две неексплодирани рачни бомби – кашикари

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Во СВР Тетово вчера во 13.10 часот било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на тетовското село Ѓермо, И.И.(38) од село Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби – кашикари, покриени со лисја и земја.

МВР денеска соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан