• среда, 27 ноември 2024

Во Аргентина за време на карантинот убиени најмногу жени во последните 10 години

Во Аргентина за време на карантинот убиени најмногу жени во последните 10 години
Буенос Аирес, 19 мај 2020 (МИА) – За време на карантинот во Аргентина воведен поради пандемијата со Ковид-19, убиени се 50 жени, што е највисока бројка во последните десет години, предупреди феминистичката група „Ла Каса дел Енцуентро“. - Многу сме загрижени. Станува збор за највисока бројка во последните десет години. Жените или се претепуваат до смрт или се задавени, изјави директорката на феминистичката група Ада Рико. Таа додаде дека во последните четири дена убиени се три жени. Според податоци на Обединети нации во Јужна Америка 12 жени дневно страдаат во фемицид, а најголем број од убиствата поминуваат неказнето. - Жената е изолирана заедно со насилникот, кој ја напаѓа. Така затворена, често не може ниту телефонски да се јави, посочи Рико. Според неа најмалку 49 се убиени во периот од 20 април до 14 мај, што е зголемување за повеќе од 30 проценти во однос на 2018 година. ми/

Остани поврзан