Во албанските територијални води пронајдена напуштена јахта со знаме на Словенија
- Јахта едрилица која пловела под знамето на Словенија, албанската поморска гранична патрола ја пронашла напуштена на отворено море во близина на областа Поток.
Тирана, 18 октомври 2020 (МИА) - Јахта едрилица која пловела под знамето на Словенија, албанската поморска гранична патрола ја пронашла напуштена на отворено море во близина на областа Поток.
Таа била откриена пред два дена, но истата синоќа е извлечена до пристанишнот град Шенќин. Два дена била набљудувана, но не е забележано никакво движење ниту внатре, ниту надвор од јахтата.
Во пловниот објект „Таи-Пан“, кој најверојатно испловил од Грција со дестинација Црна Гора, не се пронајдени документи, но постои сомнеж дека лицата кои биле внатре, веднаш ја напуштиле кога ја забележале патролата.
Албанската полиција почна истрага во соработка со прстанишните власти на соседните земји.
Според полициски извори, ваквите јахти секогаш се придружени со сплав и се смета дека сплавот се одалечил пред да пристигне полицијата, поради што постојат сомненија дека јахтата можно е да се користела за трговија со дрога.
Ова е втор пловен објект-јахта пронајден напуштен во близина на Шенѓин. Пред една година беше пронајдена турска јахта со која пловел Сезгин Јавуз, кој се уште се води за исчезнат.
И овој настан се оценува како обид за трговија со дрога од Албанија во Грција, со крајна дестинација Турција, односно туристичката област Измир и Анталија, но досега нема информација од истрагата. вт/гт/