• вторник, 26 ноември 2024

Во Албанија 565 новозаразени, 14 починати, отворен нов ковид-центар

Во Албанија 565 новозаразени, 14 починати, отворен нов ковид-центар
Тирана, 22 ноември 2020 (МИА) - Албанското Министертво за здравство соопшти дека денеска има помал број новозаразени, споредено со претходните денови, но треба да се има предвид дека и бројот на тестовите е помал. Но, како што наведува, бројот на починати е висок, јави дописничката на МИА од Тирана. - Во изминатите 24 часа се направени 2.084 тестови, што е за 500 помалку споредено со изминатите денови. Опасниот вирус е дијагностциран кај 565, што е 27 отсто од тестираните. Во исто време битката со опасниот вирус ја загубија 14, а ја добија 373 лица. Во трите ковид-болници се третираат 449 пациенти, информира Министерството. Според истиот извор, досега се тестирани 172.848 сомнителни случаи, позитивни на вирусот биле 32.761, оздравеле 15.842, починале 699,  додека активни на болеста се 16.220. Во меѓувреме е отворен нов ковид-центар во рамки на третата ковид-болница, иако како што изјави Арјана Стракоша, земеник-директорка на Унвезитетскиот клинички центар, има слободни места во сите три ковид-болници. Таа најави дека во деновите што следуваат ќе биде отворена и четвртата ковид-болница. Наспроти тврдењата на надлежните дека сè уште има слободни места, доктор Дритан Кочиај од ковид-болицата „Шефќет Ндроќи“, утрово во 3 часот упати апел до надлежните да отворат нови болнички капацитети затоа што „болните остануваат во дворот на болниците во амбулантни возила“. Во апелот упатен до премиерот Еди Рама, минстерката за здравство Огерта Манастирлиу и Комитетот на експерти за справување со пандемијата стои „разбудете се од сонот, отворете ја четвртата ковид-болница“. Медиумите исто така пренесоа снимки на кои се гледа како пред болницата има амбулантни возила со болни кои најмалку 24 часа чекаат згрижување. вт/

Остани поврзан