• петок, 22 ноември 2024

Војнаровски: Расел сака да остане во Лејкерс

Војнаровски: Расел сака да остане во Лејкерс

Лос Анџелес, 14 март 2023 (МИА) - Инсајдерот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, зборуваше за плановите на Д'Анџело Расел, кој се врати во Лејкерси пред истекот на преодниот рок.

 

Расел ќе стане слободен агент по завршување на сезоната.

 

- Д'Анџело Расел навистина сакаше втора шанса во Лос Анџелес со Лејкерс. Влијанието што го имаше врз играта на последните натпревари беше јасно видливо. Д'Анџело сака да остане во Лејкерс и да биде број еден во догледна иднина. На лето ќе стане слободен играч, изјави Војнаровски.

 

Откако беше трејдуван во клубот од Калифорнија, Расел одигра шест натпревари, со просек од 19,2 поени, 4,0 скока и 6,2 асистенции по натпревар. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан