• сабота, 27 јули 2024

Вонредна крводарителна акција во Дебар, собрани 18 крвни единици

Вонредна крводарителна акција во Дебар, собрани 18 крвни единици

Дебар, 27 јули 2023 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст-Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, спроведе вонредна крводарителна акција.

Екипата беше сместена во просториите на Црвениот крст и за неколкучасовниот престој беа прибрани 18 крвни единици.

-По неколкуте редовни крводарителни акции спроведени до сега, ова е прва вонредна акција, поради потребите за течноста што живот значи. Желбата да даруваат крв искажаа повеќе граѓани, но поради одредени здравствени причини тоа не можеа да го сторат. Она што посебно радува и овој пат е фактот што добар дел од оние кои ја подадоа раката и даруваа крв се млади, чиј број во е континуиран раст, изјави за МИА, Исни Телќиу, секретар на општинската организација на Црвен крст.

Според него, досега се собрани 239 крвни единици или околу 37 отсто од вкупно планираните 650 за годинава.

Телќиу додава дека планирани сè уште три редовни а по потреба ќе биде организирана и друга вонредна акција. вт/ир

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан