• недела, 24 ноември 2024

Вонреден конгрес на ДОМ - до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Вонреден конгрес на ДОМ - до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Скопје, 16 јуни 2024 (МИА) - На вонреден конгрес на Демократска обнова на Македонија (ДОМ) денеска е избрано ново раководство откако по изборите оставка поднесе досегашната претседателка на партијата Маја Морачанин.

На вонредниот конгрес свикан, како што наведува ДОМ, „по поднесената оставка на Морачанин и по неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори“,  избрано е ново претседателство составено од четири копретседатели, кои ќе ја водат партијата како в.д. раководство до локалните избори наредната година.

-Новите копретседатели се Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски. Тие ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер, соопшти ДОМ.

Во допис до медиумите партијата посочува и дека останува посветена на своите основни вредности и цели, неотстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики -  заштита на животната средина, праведна енергетска транзиција, борба против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани. хс/лв/

Фото: ДОМ 

Остани поврзан