• понеделник, 04 ноември 2024

Воен авион уби 17 цивили во бунтовничкото село во Мјанмар

Воен авион уби 17 цивили во бунтовничкото село во Мјанмар

Бангкок, 8 јануари 2024 (МИА) - Најмалку 17 цивили, меѓу кои девет деца, се убиени во воздушните напади на Мјанмар врз село контролирано од продемократскиот отпор, соопштија вчера локалните жители и групите за човекови права.

Воената хунта во Мјанмар се соочува со противници во делови од северниот и источниот дел на земјата. Локалните медиуми јавија дека 20 лица се ранети.

Мета на првите бомби биле две цркви во селото, а вториот напад бил додека луѓето бегале.

Очевидци изјавија дека авионот фрлил вкупно шест бомби и дека биле погодени и куќи. Тие соопштија и дека се ранети 30 лица.

Државните медиуми објавија дека извештаите за нападот се „лажни“, а државната радиотелевизија објави дека во тој момент не оперирале авиони во областа.

Селото е под контрола на група од Силите за народна одбрана (ПДФ), една од неколкуте кои се борат против хунтата. Војската ги опишува овие групи како „терористички“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан