• недела, 22 декември 2024

Воена парада во Кабул

Воена парада во Кабул
Кабул, 14 ноември 2021 (МИА) - Талибанските сили денеска одржаа воена парада во Кабул, прикажувајќи ги заробените американските оклопни возила и руските хеликоптери. - Парадата е организирана по завршувањето на обуката на 250 војници, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, Енаиатулах Хваразми. На парадата беа прикажани десетина американски оклопни возила М117 и хеликоптери МИ-17. Голем број војници носеа пушки М-4 од американско производство. Талибанските власти соопштија дека пилоти, механичари и други експерти од поранешната авганистанска национална армија ќе бидат интегрирани во новите сили, кои исто така почнаа да носат конвенционални воени униформи наместо традиционалната авганистанска облека што вообичаено ја носат нивните борци. ми/ https://twitter.com/KhalidAfg/status/1459876664167612422?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1459876664167612422%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Finfo%2Fvesti%2Findex.php%3Fyyyy%3D2021mm%3D11dd%3D14nav_category%3D78nav_id%3D2056376

Остани поврзан