• петок, 05 декември 2025

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажа контролата на 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Град Скопје, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот лабораториски извештај добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, контролата е спроведена од 27 октомври 2025 до 31 октомври 2025 година.

- Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговораат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје. мд/вј/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан