• сабота, 21 декември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) -  Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 7 октомври 2024 до 10 октомври 2024 година сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

За анализа биле земени 168 примероци за физичко-хемиска и 168 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 52 мерни места во Град Скопје. мд/цр

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан