• сабота, 21 декември 2024

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Скопје, 19 август 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитувањата направени на 208 примероци земени од 47 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 12-ти до 16 август зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“. 

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/aa/

фото МИА архива

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан