Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
- Водата за пиење во Скопје е квалитетна и безбедна, покажуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акред
Скопје, 1 ноември 2021 (МИА) – Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна, покажуваат резултатите од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, секторот за санитарна контрола во периодот од 25 до 29 минатиот месец зел 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Сите примероци, наведуваат, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.свс/лв/