• недела, 22 декември 2024

Министерот Тошковски имал средба со Македонци во Албанија

Министерот Тошковски имал средба со Македонци во Албанија

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Македонската амбасада во Тирана имал средба со Македонци кои живеат во Албанија.

На својот фејсбук-профил Тошковски објави дека имал срдечна средба со нив и можност  непосредно да се запознае со нивниот начин на живот  и предизвиците и проблемите со кои се соочени.

-Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет. Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен дел од нашиот национален идентитет. Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората, напиша Тошковски на Фејсбук.

Министерот  вели дека работната посетата на Тирана, каде што денеска имал средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа, ја искористил и да се сретне со дел од Македонците што живеат во соседната земја. хс/нд/

Фото: ФБ Панче Тошковски 

Остани поврзан