• понеделник, 15 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса транс кој се запали, трагедија во која починаа 45 лица

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса транс кој се запали, трагедија во која починаа 45 лица

Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности. Спасовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во 2021 година како министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра или околу пет и пол милиони денари. Спасовски и по предлог на надлежните не донел решение за одземање на овластување за технички преглед во законски предвидениот рок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално.

Што правел Спасовски? Си молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед, овозможувал таа да заработува нелегално, едноставно направил злоупотреба.

Но, трагедијата не завршува тука. Истиот технички центар дал зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса Транс кој се запали во Бугарија, настан во кој загинаа 45 македонски граѓани.

Спасовски кој е добро познат на јавноста по низа на нелегални активности од времето на министерувањето во МВР е должен низа на одговори. Како, дали земал пари за неодземање на овластувањето на фирмата, колку, дали можеби трагедијата со автобусот на Беса Транс му ја проработила свеста.

СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност. Но, за тоа треба да се ослободи од лицата во истата кои се олицетворение на криминалот.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан