• вторник, 03 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизира сите институции  и пори во општеството, да се консолидираат и да бидат конструктивна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизира сите институции  и пори во општеството, да се консолидираат и да бидат конструктивна опозиција

Скопје, 3 декември 2024 

СДС не се тие кои треба да ги даваат адресите за партизација.

СДС кои седум години власт, единствено што направија за Македонија е што ги партизираа сите институции  и пори во општеството.

СДС се тие кои дури и судиите ги бираа во Струмица и Зајас, седиштата на Заев и Ахмети, и отидоа  до тој степен да повиците за вработувања во институции кои се од суштинско значење за државата, ги објавуваат на нивните официјални фејсбук страни. Колку за илустрација, на фејсбук страната на СДС Арачиново во септември 2022 година беше објавено известување до членовите да се пријавуваат на огласот за вработување во АРМ.

Кај СДС ништо не се промени па дури и сега, новото раководство е само продолжена рака на  Заев.

Тоа и самите го потврдуваат, на пример самиот Филипче не се оградува од Заев.

СДС тонат во илузии, наместо консолидирана опозиција стана партија која е под водство на марионети на Заев.

СДС, партијата под водство на марионетата на Заев, Венко Филипче нека се посветат на себе, да се консолидираат и да бидат конструктивна опозиција.

Со почит, 
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан