ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ седум години не успеа да го заврши патот Страцин-Крива Паланка
- Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин - Паланка.
Скопје, 4 јануари 2025
Љупчо Николовски и Благој Бочварски лицемерно честитаа за пуштањето на патот Страцин - Паланка.
Господата од СДС, изминативе седум години, не успеаа да го завршат експресниот пат Страцин-Паланка, па мораше ВМРО-ДПМНЕ експресно за само 6 месеци да го пушти во употреба.
Доколку Николовски и Бочварски, се занимаваа повеќе за проектите, наместо за давање тендери на фирми блиски до Заев, патот досега веќе ќе беше готов.
Знаеме дека минатата власт на СДС и ДУИ, дека освен тендерчиња и партиски вработувања, немаа ниту еден проект од областа на инфраструктурата.
Од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, патот Страцин-Паланка е пуштен во употреба. Прилеп-Градско е готов, а Кичево - Охрид се работи во полна пареа.
Видлива е разликата помеѓу власта на ВМРО-ДПМНЕ и онаа на СДС и ДУИ.
Времето на матни тендери и партиски вработувања заврши, квалитетот и квантитетот сега се на виделина.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки