• среда, 08 јануари 2025

За првпат Бадникова литија во Чашка

За првпат Бадникова литија во Чашка

Велес, 6 јануари 2024 (МИА) - По повод православниот христијански празник Бадник денеска околу 80 коледарчиња од дворот на црквата „Св. Климент Охридски“ во населба Чашка, заедно со свештеното лице од Повардарската Епархија, Отец Драган и родители ја започнаа Бадниковата литија во пресрет на големиот христијански празник Божиќ со коледарската песна „Вечниот Бог” најавувајќи ја убавата вест за Христовото раѓање.

Од црквата „Св. Климент Охридски“, Бадниковата литија се упати кон зградата на Општина Чашка, каде беа пречекани од градоначалникот  Горан Стојановски и претставници од општината.

Стојановски ги пречека дечињата од Бадниковата литија пред општинската зграда, а на присутните дечиња и родители им посака здравје, среќа и безгрижно детство. На сите дечиња им подели коледарчиња.

Тој  изрази надеж дека ваквото одбележување на големиот христијански празник Божиќ ќе продолжи да се негува и во наредните години.

Градоначалникот Стојановски  при тоа се заблагодари на тимовите од детската градинка „Бамби" и ООУ „Тодор Јанев" од Чашка, како и на подршката од Црковниот одбор на црквата „Св. Климент Охридски“  од Чашка.ад/фф/

Фото: МИА

Остани поврзан