• четврток, 10 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО-ДПМНЕ: Платите на полицијата растат за 10%, се работи на враќање на достоинството на полицајците

ВМРО-ДПМНЕ: Платите на полицијата растат за 10%, се работи на враќање на достоинството на полицајците

3 април 2025

Платите на полицијата со априлската исплата пораснаа за 10 проценти. Тоа е покачување на примањата на над 12000 граѓани. Ова е реализација на уште едно ветување на Владата со кое се работи на создавање на промени и враќање на достоинството на гаранторите на безбедноста.

Со години полицијата беше омаловажувана и беше рушено нивното достоинство. Единица мерка за криминал и заштита на криминалците беше поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од ортак на криминалните кланови Грчец и Арачиново кои останаа нечепнати поради услугите за избори кои ги овозможуваа на СДС, до некадарни и криминогени началници на Спасовски кои го рушеа угледот на полицијата.

Оваа Влада денес работи на враќање на довербата во полицијата и мотивирање да го спроведуваат законот и чуваат редот.

Покачeните плати се уште еден показател на борбата на Владата за секој еден човек и неговата иднина. Разликата е видлива, промените се случуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан