ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДСМ со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина
- Она што како партија изминативе години говоревме дека СДСМ местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 9 октомври 2025 (МИА) - Она што како партија изминативе години говоревме дека СДСМ местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина, се вели во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата.
Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, на СДС и ДУИ, говори фактот што за 2 години, добиле 200 милиони евра од државата.
ВМРО-ДПМНЕ многу пати говореше за сомнежи во работата на Владата на СДС и ДУИ, во однос на компанијата Марковски, но надлежните институции, спиеја на тоа уво.
Полека но сигурно, правдата и одговорноста доаѓа. Никој нема да биде заштитен, без разлика на неговата партиска, политичка, верска или етничка припадност.
Фото: МИА архива