• недела, 07 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Андоновски на Политичкото собрание на ЕПП во Минхен

ВМРО-ДПМНЕ: Андоновски на Политичкото собрание на ЕПП во Минхен

Скопје, 5 мај 2023

Овие два дена, секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ учествува на Политичкото собрание на Европската народна партија кое се одржува во Минхен, СР Германија.

На отворањето на кое се обратија Манфред Вебер, претседател на ЕПП, Фридрих Мерц, претседател на ЦДУ и Маркус Содер, претседател на ЦСУ, беше истакнато значењето на победите на десничарските партии во изминатиот период. „Бранот на промени во Северна Европа, секако ќе ја зафати и цела Европа особено имајќи ги во вид изборите за Европскиот Парламент во 2024“.

„Справувањето со кризите и придонесувањето кон реализација на реални политики за граѓаните, јасно е дека ќе ги водат победите на Европската десница“.

Главна тема на Политичкото собрание е повторната изградба на европската економија по финансиската, економската и здравствената криза. Особен фокус е ставен на иновациите и дигитализацијата кои треба да ја осигураат иднината на Европа, улогата на селото и руралните области во развојот на економијата, како и значењето на Европските региони.

Освен учеството на бројни панел дискусии, Андоновски ќе одржи и тет а тет средби со високи претставници на ЕПП, колеги меѓународни секретари од Европската унија и од регионот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан