Влен: Секој денар за граѓаните, претприемачите и заедничката иднина
- СООПШТЕНИЕ - Во ова време на нови предизвици и кризи, Коалицијата ВЛЕН не запира! Денеска Министерството за економија и труд предводено од министерот Бесар Дурмиши, согласно Јавниот повик, додели конкретни средства кои директно влијаат на животот на нашите граѓани – за потрошувачите, занаетчиите и претприемачите кои се темелот на нашата економија.
Скопје, 4 декември 2024
Во ова време на нови предизвици и кризи, Коалицијата ВЛЕН не запира! Денеска Министерството за економија и труд предводено од министерот Бесар Дурмиши, согласно Јавниот повик, додели конкретни средства кои директно влијаат на животот на нашите граѓани – за потрошувачите, занаетчиите и претприемачите кои се темелот на нашата економија.
Затоа што за нас секој граѓанин е приоритет, а секој одвоен денар оди за помош на оние кои работат и создаваат!
Околу два милиони денари се доделени на сите Здруженија на организации на потрошувачи во земјава. Додека по спроведувањето на програмата ќе бидат доделени субвенции за 26 проекти со вкупна вредност од 6.132.240 денари.
Во рамките на Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност, Министерството за економија и труд ја спроведе мерката за надоместување на дел од трошоците за акредитација на лаборатории, предвидено е проширување на опфатот на акредитација на постоечки лаборатории за тестирање или набавка на опрема за лаборатории за пласирање на производи со безбеден квалитет.
Во рамките на оваа мерка е предвидено кофинансирање од 50% од трошоците не повеќе од 400.000 денари за секој апликант. Проценетата вкупна вредност е 3.000.000 денари. Корисници на оваа шема се 11 лаборатории.
Во мерката за надоместување на дел од трошоците за одржување и спроведување на прифатливи социјални практики на деловните субјекти, вкупната вредност на средствата е 2.000.000 денари, додека Министерството за економија и труд кофинансираше 8 компании. Имајќи ги предвид потребите на компаниите, Министерството за економија и труд ќе продолжи да спроведува мерки и активности во насока на подобрување на конкурентноста.
ВЛЕН е посветен на олеснување на животот на граѓаните. ВЛЕН е блиску до претприемачите и граѓаните. ВЛЕН е посветена во исполнувањето на своите ветувања.
ВЛЕН
Фото: МИА архива
___________________________________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива