• сабота, 23 ноември 2024

ВЛЕН: Поддршка за земјоделците - издвоени 1 милијарда денари за останати субвенции

ВЛЕН: Поддршка за земјоделците - издвоени 1 милијарда денари за останати субвенции

Скопје, 18 септември 2024

Коалицијата ВЛЕН продолжува да стои цврсто зад земјоделците, нашите херои кои се темел на економскиот развој. Со гордост објавуваме дека Владата, во која учествува и ВЛЕН, издвои 1 милијарда денари за исплата на заостанатите субвенции, со што 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите
заслужени средства.

Многу од овие храбри луѓе чекаа дури 4 години за поддршка, но со нашата прва одлука, преку ребалансот на буџетот, обезбедивме средства за да ја исправиме оваа неправда. Наша обврска е до крајот на годината да нема повеќе задоцнувања во исплатата на субвенциите, за да може секој земјоделец да работи без стрес и неизвесност.

Коалицијата ВЛЕН е тука да им овозможи на земјоделците стабилност и поддршка, за да можат да се фокусираат на она што најдобро го знаат – да произведуваат и да обезбедуваат благосостојба
за своите семејства и за нас.

Нашето домаќинско работење и одговорноста кон граѓаните ќе резултираат во значајна поддршка за земјоделското производство и развој на економијата.

ВЛЕН е симбол на нова надеж и доверба во институциите. Ние сме тука да исправиме неправди и да осигуриме дека нашите земјоделци го добиваат она што го заслужуваат. Заедно, ќе изградиме иднина во која земјоделците ќе бидат почитувани, поддржани и вреднувани како што заслужуваат!

ВЛЕН

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан