ВЛЕН им оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 19 март 2025
Претставниците на коалицијата ВЛЕН одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани. Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија.
Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата етничка припадност или на јазикот што го зборуваме. Денеска сме обединети во болка и во спомен на оние кои повеќе не се со нас. Ова е момент кој не потсетува на вредноста на животот и важноста на меѓусебната поддршка во тешките денови.
Во овие моменти на жалост, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и со сите оние кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија. ВЛЕН стои покрај нив, споделувајќи ја болката и силата да се справи со оваа тешка загуба.
Нашата коалиција се води од принципот на солидарност и хуманизам и во овие тешки моменти ја потврдуваме нашата посветеност да бидеме блиску до граѓаните, не само во моменти на радост, туку и во моменти на тага.
ВЛЕН
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото ВЛЕН