• недела, 22 декември 2024

Влезниците за Олимпијадата во Пекинг нема да бидат пуштени во продажба, ќе бидат распределени меѓу одредени групи луѓе

Влезниците за Олимпијадата во Пекинг нема да бидат пуштени во продажба, ќе бидат распределени меѓу одредени групи луѓе
Пекинг, 17 јануари 2022 (МИА) - Влезниците за Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг нема да бидат пуштени во продажба. Тоа го пренесува Ројтерс повикувајќи се на организацискиот комитет на Игрите. Билетите се очекува да бидат поделени на одредени групи луѓе. Претходно се дозна дека поради пандемијата на коронавирус, натпреварите ќе се одржи без странски гледачи. Приемот на кинески навивачи на трибините сè уште не е официјално објавен. Олимпијадата во Пекинг ќе се одржи од 4 до 20 февруари. зс/

Остани поврзан