• понеделник, 06 јануари 2025

Властите на Иран им порачаа на студентите и вработени да останат дома поради загадениот воздух

Властите на Иран им порачаа на студентите и вработени да останат дома поради загадениот воздух

Техеран, 11 декември 2024 (МИА) - На студентите и државните службеници во делови на Иран им е наредено да останат дома - денеска и утре - поради „исклучително високото“ загадување на воздухот, јавија државните медиуми.

Техеран во изминатите денови е зафатен од смог.

Главниот град се наоѓа во јужното подножје на планините Алборз, кои се надвиснуваат над градот и го задржуваат загадениот воздух.

 Локалните медиуми јавија денеска дека квалитетот на воздухот во Техеран достигнал „нездраво“ ниво, со просечен индекс на квалитетот на воздухот (AQI) од 170.

Сите музеи и банки, освен неколку специфични филијали, се затворени во главниот град на Иран.

Загадувањето влијаеше и на другите големи градови, вклучувајќи го Исфахан во централен Иран и Табриз на северозапад.

Ахваз на југозапад, исто така, се соочува со високи нивоа на загадување, како што објави државната телевизија. зш/

Остани поврзан