Влада: Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа кон нивната трајна дестинација
- Уште 35 авганистански граѓани кои престојуваа во земјава денеска отпатуваа кон нивната трајна дестинација, информираат од Владата.
Скопје, 15 февруари 2022 (МИА) – Уште 35 авганистански граѓани кои престојуваа во земјава денеска отпатуваа кон нивната трајна дестинација, информираат од Владата.
-Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште, посочуваат од Владата.
Прецизираат дека 35-те авганистански граѓани кои отпатуваа за Канада се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.
-Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје. Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште, порачуваат од владината прес-служба. вј/дма/