• понеделник, 23 декември 2024

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) - Владата денеска соопшти дека не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово и бара СДСМ да не шири дезинформации во јавноста.

-Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки тој не е прифатен, велат од Владата.

Додаваат дека лицето кое СДСМ го посочил на прес-конференција нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.

-Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело, се вели во денешното соопштение од владината прес-служба.

Од Владата апелираат СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста.

Претходно денеска СДСМ на прес-конференција тврдеше дека осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес, како и дека лице кое има кривична пријава за „несовесно работење„ е именувано за в.д. директор на затворот во Прилеп. сст/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан