• недела, 22 декември 2024

Владата обезбедува пристојни услови за граѓаните - 675 прехранбени производи по ниски цени за време на новогодишните празници

Владата обезбедува пристојни услови за граѓаните - 675 прехранбени производи по ниски цени за време на новогодишните празници

Скопје, 6 декември 2024

Кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ продолжува и за време на новогодишните празници.

Во договор помеѓу Владата и 60 компании се донесе одлука за намалување на цените за новогодишната потрошувачка кошничка, а со тоа се подобрува стандардот на граѓаните.

Имено, во период од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година граѓаните имаат можност да купат 675 различни производи по ниски цени.

На рафтовите производите кои се со намалени цени ќе бидат означени, а дополнително преку веб страната „mojakosnica.mk граѓаните ќе може да се информираат за производите кои се опфатени од оваа листа.

Владата покажа одговорно работење и посветеност кога станува збор за подобар животен стандард.

Некои прехранбени производи се намалени за 10 и повеќе проценти, а во оваа листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Воедно, листата во следниот период има можност да се проширува и со други производи по ниски цени.

Оваа одлука е за поздравување и има за цел секое семејство новогодишните празници да ги помине во пристојни услови.

Како Влада продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните.

Преку проекти и мерки создаваме иднина и ја враќаме надежта.

Само со домаќинско работење ќе докажеме дека приоритет на оваа Влада се граѓаните и обезбедување на подобар и поквалитетен живот за сите.

Влада на РСМ

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан