• недела, 22 декември 2024

Вкупно 633 напади врз новинари на Западен Балкан во последните три години

Вкупно 633 напади врз новинари на Западен Балкан во последните три години

Белград, 3 ноември 2024 (МИА) - Во изминатите три години, мрежата „Безбедност за новинарите“ (SafeJournalists Network - SJN) регистрирала 633 напади врз новинари во регионот на Западен Балкан, од кои само 49 биле правно решени.

Организацијата ги повика новинарите да пријавуваат вакви случаи до надлежните органи.

„Иако мал број случаи биле решени правно во изминатиот период, новинарите не треба да се обесхрабруваат и треба да продолжат да ги пријавуваат сите видови напади до надлежните институции и новинарските здруженија,“ се вели во соопштението на SJN, објавено по повод Меѓународниот ден против неказнивост за злосторства врз новинари – 2 ноември.

Мрежата SJN беше формирана во 2015 година како одговор на влошувањето на безбедноста на новинарите и слободата на медиумите на Западен Балкан и со цел да се зајакне солидарноста во медиумската заедница. ссм/

фото: СЈН

Остани поврзан