• понеделник, 06 јануари 2025

Винисиус се извини за инцидентот со Димитриевски, но се соочува со суспензија на 12 натпревари

Винисиус се извини за инцидентот со Димитриевски, но се соочува со суспензија на 12 натпревари

Мадрид, 4 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1). 

Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите.

Според „Мундо Депортиво“, судијата ги запишал постапките на Винисиус во протоколот како агресивни. Според прописите на Ла Лига, за ваква максимална казна е 12 натпревари, а минималната 4.

По натпреварот, Винисиус на социјалните мрежи напиша „Извинете и благодарам на мојот тим“.

Реал Мадрид освои 43 бода и се искачи на првото место во поредокот во Ла Лига. Валенсија остана на 19. место со 12 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан