Аморим по ремито со Ливерпул: Има причина да бидам лут
- Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран по ремито 2:2 на гостувањето кај Ливерпул
Манчестер, 6 декември 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран по ремито 2:2 на гостувањето кај Ливерпул.
Португалецот смета дека неговиот тим ја заслужил победата.
-Дозволено ми е да бидам единствената личност која е вознемирена од тимот. Очекувањата пред натпреварот беа сосема поинакви од она што се случи. На другите натпревари повеќе се лутам бидејќи се уште не можам да сфатам некои работи. Проблемот не е во шемата на игра или во техниката, но јасно е дека нешто друго не кочи, но тешко ми е да го разберам. Добивме бод, но мораме да бидеме полути и разочарани отколку што бевме по поразот на Њукасл. Има причина да бидам лут, но сакам да се смирам за да можам да ги кажам вистинските работи. Се наоѓаме во тешка ситуација и мора да продолжиме да се бориме за да излеземе од неа, изјави Аморим. дс
Фото: Архива