• петок, 03 мај 2024

Вест Хем преговара со Ругани

Вест Хем преговара со Ругани
Лондон, 26 септември 2020 (МИА) – Премиерлигашот Вест Хем е во преговори со дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, тврди „Скај Спорт Италија“. Јувентус бара 18-20 милиони евра плус бонуси за Ругани. Италијанскиот клуб не би сакал да го даде на позајмица 26-годишниот играч, бидејќи пандемијата на коронавирусите силно ја погоди нивната финансиска состојба. Минатата сезона Италијанецот одигра 10 натпревари во Серија А и доби два жолти картона. зс/

Остани поврзан