• понеделник, 23 декември 2024

Вестбрук: Мојата мисија е да ја трансформирам играта на Дејвис и Леброн

Вестбрук: Мојата мисија е да ја трансформирам играта на Дејвис и Леброн
Лос Анџелес, 11 август 2021 (МИА) – Плејмејкерот Расел Вестбрук, за време на прес -конференцијата за неговиот трансфер во Лос Анџелес лејкерс, рече дека неговата задача во новиот тим ќе биде да ги направи соиграчите подобри. - Ова ќе биде моја 14. сезона во НБА-лигата. Секоја година се обидувам да најдам начин да се трансформирам и да ги направам моите соиграчи подобри. Ентони Дејвис и Леброн Џејмс се мои пријатели. И јас, како нивни соиграч, морам да ја трансформирам нивната игра. Ќе го сторат тие истото за мене, рече Вестбрук. Триесет и двегодишниот Вестбрук е најдобриот играч во историјата на НБА по бројот на трипл-дабл во кариерата (184) и МВП на сезоната 2016/17. Тој одигра 65 натпревари минатата сезона и имаше просек од 22,2 поени, 11,7 асистенции и 11,5 скокови. зс/

Остани поврзан