• петок, 22 ноември 2024

Верстапен победи на Големата награда на Емилија Ромања

Верстапен победи на Големата награда на Емилија Ромања

Имола, 19 мај 2024 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место на трката за Големата награда на Емилија-Ромања. Холанѓанецот по трет пат во кариерата освои етапа во Имола, тој исто така победи тука во 2021 и 2022 година.

Втор заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, за кого ова беше трет подиум по ред. Британецот загуби од Верстапен за 0,725 секунди. 

Шарл Леклер од Ферари беше трет во трката, со 7,916 секунди заостанување зад победникот.

По седум трки сезонава лидер во Генералниот пласман во Формула 1 е Макс Верстапен со 161 бод. Шарл Леклер е втор со 113 поени, додека партнерот на Верстапен во Ред Бул, Серхио Перез е на третото место со 107 бодови.

Лидер во шампионатот за конструктори е Ред Бул (268 поени), Ферари е втор (212), а Мекларен е трет (154).

Следната трка во Формула 1 ќе се вози во Монако од 24 до 26 мај. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан