• сабота, 21 декември 2024

Верстапен и уште тројца пилоти под истрага по завршувањето на трката во Баку

Верстапен и уште тројца пилоти под истрага по завршувањето на трката во Баку

Баку, 15 септември 2024 (МИА) - Стјуардите на Големата награда на Азербејџан го истражуваат светскиот шампион Макс Верстапен и уште тројца возачи за потенцијални прекршувања на виртуелното безбедносно возило во последните две обиколки во Баку. 

Станува збор за претекнување во овој момент, а меѓу повиканите кај стјуардите покрај Макс се Нико Хулкенберг од Хас, како и двајцата возачи на Алпин - Пјер Гасли и Естебан Окон.

-Не сум претекнал никого за време на виртуелното безбедносно возило, ја минавме линијата, трката беше завршена“, објасни Верстапен веднаш по финишот. 

Додаде дека оваа сезона имало многу примери за токму такви акции, па изненаден е од ваквиот развој на настаните. дс

Фото: Архива

Остани поврзан