• петок, 17 мај 2024

Верстапен: Знаев дека ќе дојде крај на победничката серија, тоа е нормално

Верстапен: Знаев дека ќе дојде крај на победничката серија, тоа е нормално

Сингапур, 18 септември 2023 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, не се вознемири поради прекинот на неговата победничка серија.

 

Холанѓанецот вчерашната трка за ГН на Сингапур ја заврши на 5. место, со што ја прекина својата победничка серија оваа сезона на десет освоени трки по ред. Вкупно, Макс победи на дванаесет трки оваа година.

 

- Мислам дека ќе бидеме побрзи во Јапонија. Патека Сузука е многу различна по своите карактеристики од Сингапур, не треба да се прават паралели. Сузука треба добро да одговара на нашиот автомобил, а трките таму секогаш се многу интересни и забавни. Затоа, се надевам дека ќе ги најдеме вистинските поставки штом ќе го изведеме болидот на патеката. Што се однесува до прекинатата победничка серија, знаев дека еден ден ќе се случи, тоа е нормално. За да бидете успешни, сè мора да биде совршено. Честопати за нас велеа: „Ех, погледнете како доминираат, колку им е лесно. Но, во реалноста нема ништо лесно, изјави Верстапен.

 

Со освоени 374 бодови, Верстапен е убедлив лидер во поредокот на возачи, пред неговиот клупски колега. Серхио Перез кој има 223 бода. зс/

 

Фото. ЕПА

Остани поврзан