Верешчук: Украина и Русија не се договорија за хуманитарни кородири за евакуација
- Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за хуманитарни конвои за евакуација на цивили од воено загрозените подрачја, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
Киев, 17 април 2022 (МИА) - Украина и Русија денеска не успеаја да се договорат за хуманитарни конвои за евакуација на цивили од воено загрозените подрачја, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
„Не успеавме да се договориме за прекин на огнот на рутата за евакуација. Затоа, за жал, денеска нема да отвориме хуманитарни коридори. Работиме напорно за што побрзо да ги вратиме хуманитарните коридори на вистинскиот пат“, напиша Верешчук на Телеграм.
Таа додаде дека украинските власти бараат хуманитарни коридори за евакуација на цивили и ранети војници од опколениот град Мариупол. паг/