• понеделник, 25 ноември 2024

Венецуелската опозиција ќе му понуди гаранции на Мадуро доколку доброволно замине од власта

Венецуелската опозиција ќе му понуди гаранции на Мадуро доколку доброволно замине од власта

Каракас, 9 август 2024 (МИА) - Лидерот на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо денеска изјави дека ќе му понуди „безбедносни гаранции“ на претседателот Николас Мадуро доколку доброволно ја напушти власта.

Мачадо додаде дека меѓународните сили се одговорни и за она што се случува во Венецуела и повика на поголемо учество на меѓународната заедница.

Опозицијата во Венецуела ја оспорува победата на Мадуро на претседателските избори на 28 јули и тврди дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес Урутија, кој е признаен за претседател од САД и неколку земји од Латинска Америка, е победник на изборите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан