• понеделник, 23 декември 2024

Венгер предложи Светското првенство да се одржува на секои две години

Венгер предложи Светското првенство да се одржува на секои две години
Лондон, 5 јули 2021 (МИА) – Претседателот на одделот за глобален фудбалски развој при ФИФА, Арсен Венгер, предложи измени во тековниот календар на натпреварите на националните тимови. Идејата на Венгер е да се играат седум квалификациски натпревари за СП наместо сегашните 10. Во исто време, бројот на денови за нив би се намалил од 50 на 28. - Се залагам за една пауза за меѓународни натпревари, максимум два, наместо сегашните пет. Дозволете им на репрезентациите да се сретнат во октомври, да одиграат седум квалификациски натпревари за еден месец, а потоа да го одржиме финалниот турнир во јуни. Ова ќе резултира со помалку патувања за играчите, поголема јасност и помалку повреди. Ние сакаме да го намалиме бројот на натпревари. Ова е многу важно, така што можеме да ја видиме состојбата на играчите, изјави Венгер. Поранешниот селектор на Арсенал смета дека ваквите реформи ќе овозможат почесто одржување на големи турнири. - Ние гарантираме период на одмор по секој турнир. Замислете го ова: Светско првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада; 2027 година - Европско првенство и други континентални турнири; следното светско првенство во 2028 година и така натаму. Повеќе елиминациски натпревари, помалку квалификациски игри. Ова е она што го сакаат навивачите, смета Французинот. зс/

Остани поврзан