• понеделник, 01 јули 2024

Венгер очекува Халанд да се пресели во клуб од Премиер лигата во наредните години

Венгер очекува Халанд да се пресели во клуб од Премиер лигата во наредните години
Лондон, 3 септември 2021 (МИА) - Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд наскоро ќе се пресели во клуб од Премиер лигата. - Верувам дека ова ќе се случи. Премиер лигата е многу силна лига економски. Англискиот фудбал доминира затоа што има многу пари и најдобрите фудбалери секогаш ја бараат најдобрата можност да заработат што е можно повеќе. Халанд ќе биде следниот голем стрелец по Мбапе. Тој е многу талентиран. Неговите амбиции, желбата за гол и борба за топката говорат сами за себе. Сака да победува, има квалитети да стане голем напаѓач, изјави Венгер за „Goal“. Во сезоната 2021/22, Халанд одигра пет натпревари за Борусија Дортмунд, постигнувајќи шест гола и три асистенции. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 21-годишниот Норвежанец на 130 милиони евра. зс/

Остани поврзан