• понеделник, 23 декември 2024

Венбин: Кинеските воени вежби се сериозно предупредување до Тајван

Венбин: Кинеските воени вежби се сериозно предупредување до Тајван

Пекинг, 10 април 2023 (МИА) - Кина сака да ги искористи своите воени вежби во близина на Тајван како предупредување за да се спротивстави на напорите за независност на островот, соопшти кинеската Влада, пренесува денеска ДПА.

-Ова е сериозно предупредување за провокативните активности на тајванските сепаратистички сили за независност и нивниот дослух со странските сили, изјави во Пекинг портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

Тој додаде дека воените вежби ги смета за „неопходен чекор со цел да се заштити националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.

-Силите за независност на Тајван и странските сили кои соработуваат со нив во Тајванскиот теснец се најголемата закана за мирот и стабилноста, рече тој.

Венбин повтори дека прашањето за Тајван е „чисто внатрешно кинеско прашање“.

Кинеското раководство смета дека демократската република на островот е дел од Народната Република, иако со островот владее независна влада повеќе од 70 години.

Пекинг се заканува дека ќе го освои Тајван. сд/

Остани поврзан