• сабота, 23 ноември 2024

„Велмонд ГРОУП“ за обвинувањата на СДСМ Велес: Се е според законските прописи и не е прекршен ДУП-от

„Велмонд ГРОУП“ за обвинувањата на СДСМ Велес: Се е според законските прописи и не е прекршен ДУП-от

Велес, 12 октомври 2023 (МИА) - Од „Велмонд ГРОУП“ Велес ги демантираат тврдењата на претседателката на Општинската организација на СДСМ Даница Чадиева изнесени на прес конференцијата 10 октомври дека наместо хотелски комплекс кај велешко езеро „Младост“ градат зграда за домување со апартмани.

Сопствениците на „Велмонд ГРОУП“ за МИА посочија дека се е според законските прописи и дека не е прекршен ДУП-от за кој ги обвинуваат од СДСМ Велес.

Од „Велмонт ГРОУП“ велат дека инвестицијата се реализира согласно актуелниот ДУП донесен од страна на претходната локална власт, со важност повеќе од 15 години. Оттаму, потенцираат дека во изминатиот период сите локални влади трошеа голема сума на народни пари за урбанизација на овој опфат по разни основи, изготвување на проектна документација, изградба на соодветна инфраструктура, водоводна мрежа, колекторски систем, канализација, електрична мрежа и друго.

Од „Велмонт ГРОУП“ појаснуваат дека дооформување на парцелата е спроведено согласно позитивните законски прописи. Постапка е отпочната во време на претходната локална власт, со добиена согласност од страна на Министерството за транспорт и врски, Владата и Државното правобранителство, органи претставувани од актуелната политичка власт, и е во целост спроведена.

- Инвестицијата се реализира согласно својата намена, за што е дадено и соодветно одобрение за градба. Оние што сакаат да бидат информирани наместо изманипулирани можат да прочитаат правилникот за стандарди и нормативи за урбанистички планирање овде: https://shorturl.at/sPQ07, велат од „Велмонт ГРОУП“.

Тие нагласуваат дека вкупниот габарит и катноста на објектот, согласно ДУП за езеро „Младост“ и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, ниво приземје – влез на објект, се зема од пристапната улица на градежната парцела, видливо и од изградените објекти во непосредна близина.

- Во време кога секојдневно се подигаат разни дивоградби во централни градски подрачја и други заштитени природни локалитети, вие се осмелувате да критикувате инвестиција која се реализира согласно сите законски прописи, со целосно платени даноци и комунални такси. Тип на градба реализиран скоро во сите општини на нашата држава и претставува позитивен пример на модерен тренд во регионот и Европа, потенцираат од „Велмонд ГРОУП“.

Тие посочуваат дека реализацијата на оваа инвестиција придонесува за модернизација и урбанизација на Општината и има значителна позитивна финансиска импликација на буџетот по повеќе основи, плаќање на ДДВ, данок на имот, данок на промет на недвижен имот и сл.

- Наместо да давате поддршка, вие вршите притисок и го рушите угледот на малкуте успешни домашни компании кои сè уште се охрабрени да инвестираат во Македонија. Се надеваме дека позитивно ќе ја прифатете оваа наша порака и во иднина вашата енергија ќе ја трошите за подобрување на нашето општество наместо негово уништување, потенцираат од „Велмонд ГРОУП“

Инвеститор од политички партии бара и ги замолува како што потенцира да не ги вовлекува во нивните валкани политички игри и во нивната желба како што посочува за евтини политички поени. ад/ир

Фото: Принтскрин ДУП

Остани поврзан