• четврток, 18 јули 2024

Велика Британија поради Брегзит втора година по ред бележи пад на странски инвестиции

Велика Британија поради Брегзит втора година по ред бележи пад на странски инвестиции
Брисел, 7 јуни 2021 (МИА) - Втора година по ред Велика Британија не е на прво место според бројот на странски инвестиции, а причина за тоа е излегувањето на земјата од Европска Унија  и спорниот Договор за трговија. Во 2020 година, велика Британија имала 975 странски инвестиции, но на прво место била Франција со 985, се наведува во извештајот на Европска Унија. Според ЕУ падот на странски инвестиции пред се од Јапонија сугерира дека  се намалува „привлечноста на Обединетото Кралство како извор на приход“. Застапниците на Брегзит тврдат дека со излегувањето на Велика Британијаод ЕУ земјата ќе биде  поатрактивна дестинација за странски инвестиции. Во извештајот се наведува дека поради пандемијата со Ковид-19, странските инвестиции  се во пад ширум светот.  Според податои на Обединетите нации во 2020 година странските инвестиции во светот се намалиле за 42 проценти односно се на најниско ниво во изминатите 26 години. Во податоците на ЕУ не е наведена вредноста на инвестициите. На трето место според странските инвестиции е е Германија со 930 проекти, а потоа следи Шпанија со 354 проекти. ми/

Остани поврзан