• недела, 22 декември 2024

Велика Британија и платила на Руанда 230 милиони фунти за блокираниот договор за азил

Велика Британија и платила на Руанда 230 милиони фунти за блокираниот договор за азил

Лондон, 8 декември 2023 (МИА) - Британскиот премиер Риши Сунак денеска е под притисок да објасни зошто владата и плати на Руанда 230 милиони фунти за да прими баратели на азил кои Лондон не ги сака, а според тој договор ниту еден азилант не отишол таму.

Таа сума е речиси двојно поголема од 140 милиони фунти што Обединетото Кралство претходно изјави дека и ги дала на владата на Руанда според договорот од април 2022 година. Според тој договор, мигрантите кои илегално ќе го преминат Ла Манш во Велика Британија ќе бидат испратени во Руанда, каде што ќе се обработуваат нивните барања за азил, што ќе зависи од тоа што ќе им се случи подоцна.

Планот беше оспорен пред судовите во ОК, каде минатиот месец Врховниот суд пресуди дека политиката е незаконска, бидејќи Руанда не е безбедна земја за бегалците.

Планот за имиграција е клучен за целта на британската влада да ги спречи барателите на азил да го преминат Каналот од Франција до Англија со бродови, што го направија повеќе од 29 илјади луѓе оваа година и 46 илјади минатата година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан