• четврток, 04 јули 2024

Велика Британија издаде жолто предупредување за горештини

Велика Британија издаде жолто предупредување за горештини
Лондон, 9 август 2022 (МИА) - Британската метеоролошка служба денеска издаде жолто предупредување за екстремни горештини наредните денови во делови на Англија и на Велс. Жолтото предупредување ќе биде во сила од четврток до крајот на неделата. Топлотниот бран не попушта и предизвикува суша и пожари, соборувајќи ги температурните рекорди што ја погодуваат британската инфраструктура. бд/ми/

Остани поврзан