• петок, 22 ноември 2024

Велика Британија воведе санкции за три руски агенции кои се обиделе да користат дезинформации за Украина

Велика Британија воведе санкции за три руски агенции кои се обиделе да користат дезинформации за Украина

Лондон, 28 октомври 2024 (МИА) - Велика Британија денеска воведе санкции за три руски агенции и тројца шефови на тие агенции, кои, според Лондон, се обиделе да користат дезинформации за да ја „поткопаат и дестабилизираат Украина и нејзината демократија“.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Агенцијата за социјално проектирање (АСП, руска технолошка компанија) и нејзината партнерска фирма „Структура“ се обиделе да спроведат серија „интервенциски акции“ со цел да ја ослабат меѓународната поддршка за Украина.

Третата санкционирана фирма е АНО „Дијалог“ (автономна непрофитна организација), чија област на дејност ги опфаќа комуникациите.

Санкционирани се директорот на АСП и „Структура“ Илја Гамбашиџе, програмскиот директор на АСП Андреј Перла и генералниот директор на „Структура“ Николај Тупикин.

„Денешните санкции испраќаат јасна порака дека нема да ги толерираме вашите лаги и мешање - доаѓаме по вас“, се вели во соопштението на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан