• петок, 22 ноември 2024

Велешанец осомничен за обид за убиство на својата сопруга

Велешанец осомничен за обид за убиство на својата сопруга
Скопје, 5 ноември 2020 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен велешанец осомниечен дека во текот на вчерашниот ден се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел од шина започнал да ја удира по телото. - Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката, се вели во соопштението од ОЈО. До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес јавниот обвинител достави предлог за определување на мерката притвор спрема осомничениот.​ Лицето е осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид). аа/бк/

Остани поврзан