• понеделник, 23 декември 2024

Велес организира отворена средба на граѓаните во Одделението за инспекциски надзор

Велес организира отворена средба на граѓаните во Одделението за инспекциски надзор
Велес,4 јули 2022 (МИА) - Општина Велес, Одделението за инспекциски надзор и НВО Инфоцентарот, утре во периодот од 9.30 до 11.30 часот, во просториите на Одделението за инспекциски надзор организираат отворена средба со инспекторите во општината, информираат од Општина Велес. Тие појаснуваат дека сите заинтересирани граѓани и претставници на граѓанските организации ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат со локалните инспектори, за нивната работа, за нивните надлежности, за начинот на кој може да пријават проблем и да побараат да се изврши инспекциски надзор, вклучително и постапките и процедурите за вршење инспекциски надзор. - Со оваа информативна средба сакаме да ја поттикнеме двонасочната комуникација меѓу локалните инспектори и граѓаните, како и да ја зголемиме видливоста и транспарентноста на инспекциската служба во Општина Велес,појаснуваат од Општина Велес. Настанот се организира во рамки на програмата Цивика Мобилитас, спроведувана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). ад/цр

Остани поврзан